Дуелот меѓу Аланијаспор и Сиваспор од 22-то коло во турската Суперлига мораше да се прекине по само 20 минути поради неповолните услови за игра.
Теренот беше поплавен и беше невозможно за фудбалерите да трчаат, а уште помалку да манипулираат со топката која буквално стоеше во место. Поројниот дожд направи минијатурни вирови на целиот терен, па затоа овој дуел е презакажан да се доигра денес во 14 часот.
Scenes in Alanya as the Alanyaspor-Sivasspor match has been postponed due to heavy rain and a waterlogged pitch from superlig