22.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Ненормално – Во Шпанија се тепаа деца и родители, тешко е повреден тренер на Тенерифе (Видео)

Голем инцидент се случи во Шпанија по завршување на мечот во младинска категорија меѓу Наст Коста Исоре и Реал Унион Тенерифе, а тешко е повреден еден од гостинските тренери.

Видеото што е објавено е застрашувачко и во тепачката што се случи надвор од стадионот учествуваа и играчите на двата тима и нивните родители.

Ваквите сцени во пониските лиги во Шпанија, а сега и во младинска конкуренција често се случуваа во последните години, а сега се најавени остри мерки.

„Доста е. Луѓето што прават вакви инциденти ќе мора да бидат казнети и да одговараат за учество во тепачката“, изјави Раул Сантос, советникот за спорт во Владата на Шпанија.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести