Мечот од бразилското првенство меѓу Сао Паоло и Форталезе имаше чуден прекин. Во 25 минута од мечот, дуелот неколку минути мораше да биде прекинат поради тоа што покрај едно од корнер знаменцата се насобра рој пчели.
Легендарниот Дани Алвеш кој пред неколку месеци дојде во Сао Паоло, се обиде да го изведе корнерот, но тогаш го нападнаа пчелите и беше боцнат за вратот. Судиите и играчите во немоќ стоиеја и гледаа, незнаејќи како да ги избркаат пчелите.
Еден од гостинските играчи беше најхрабар, па успеа да го извади корнер знаменцето и да го фрли подалеку од теренот. Тоа ги разлути пчелите, а главниот судија бараше знаменцето да мора да биде вратено на место за да продолжи дуелот. По неколку минути пауза, мечот сепак продолжи, а на крајот Сао Паоло победи со 2:1.
Чудната ситуација од овој бразилски меч може да ја видите ТУКА.