Необичен проблем: Клинсман нема лиценца во пресрет на дуелот со Баерн

Бундеслигата се враќа на програмата следниот викенд, а со посебно внимание ќе се проследи мечот меѓу Херта Берлин и Баерн Минхен од 18-тото коло. Германскиот првак ќе има тежок предизвик ако се знае дека загуби на последното гостување на Олимпискиот стадион во Берлин.

Во пресрет на тој дуел, домаќините наидоа на проблем со документацијата на нивниот тренер Јирген Клинсман. Германската фудбалска федерација достави известување до таборот на Херта – Клинсман уште ја нема пријавено тренерската лиценца. Тој вели дека ја нема, поточно не може да ја најде.

„Сè ќе биде во ред. Во контакт сум со федерацијата, по електронски пат ги доставив сите потребни документи. Проблем е што лиценцата останала во Калифорнија во некоја фиока, но ќе ја најдам“, истакна Клинсман.

Легендарниот Германец пред крајот на првиот дел од сезоната ја презеде Херта, а претходно пет години беше на кормилото на селекцијата на САД. Дуелот со Баварците ќе му биде посебен бидејќи своевремено ги бранеше боите на Баерн, а и ги предводеше како тренер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести