Необичен случај во Франција: Шестгодишен навивач суспендиран поради предизвикување нереди

Францускиот клуб, Ле Авр, на последниот меч загуби од Ремс со 0-3 на домашен терен, а на овој натпревар имаше инцидент, за кој е утврдено дека го предизвикал шестгодишен навивач.

Малиот фан на Ле Авр фрлал со пластични чаши и хартиени топки кон противничките фудбалери, па раководството на клубот одлучи да го суспендира до крајот на годината. Од клубот велат дека им е жал што мора да донесат ваква одлука, но мора да влијаат на однесувањето на своите навивачи бидејќи веќе имаат неколку казни и им се заканува играње пред празни трибини.

Суспензијата на шестгодишниот навивач веројатно е најчудната ваква казна во светот на фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести