Реваншот од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Клуб Бриж и Фиорентина се игра вечерва, наместо в четврток како што е вообичаено за средби од ова клупско натпреварување на УЕФА.
УЕФА направи исклучок за овој натпревар, и го одобри барањето на белгискиот клуб пред неколку недели.
Причината што не може да се игра утре е католичка поворка која утре ќе минува низ улиците на белгискиот град Бриж. Станува збор за Поворката на Светата крв, тоа е поворка што се одржува секоја година на Денот на Вознесението, кој годинава се падна на 9-ти мај.
Поворката на Светата крв е призната како нематеријално културно наследство на УНЕСКО во 2009 година.