Лихтенштајн е една од најмалите земји во Европа, но и таму се негува фудбалската традиција колку што се може. Оваа земја има своја селекција која редовно е дел од квалификациите на Европските и Светските првенства, но поради малиот број на клубови, нема своја фудбалска лига.
Најтрофеен и најпознат клуб е Вадуз, кој игра во пренството на Швајцарија. Сепак, кога се работи за Купот на Швајцарија, тука се прави натпреварување од екипи кои се и младински и полуаматерски, па се игра Куп на Швајцарија.
Моментално Купот на Швајцарија е стигнат до полуфинална фаза, а таму ќе има еден интересен дуел. Ќе играат екипите на Балзерс и Балзерс 2, односно вториот тим на овој клуб. Во второто полуфинале ќе играат Вадуз против Есхен.
Едноставно необична е ситуацијата еден клуб да има две екипи во полуфиналето и да треба да играат меѓу себе.