Манчестер сити утре игра меч од Лигата на шампионите на домашен терен против Борусија Дортмунд, а Пеп Гвардиола се одлучи на необична отстапка. Фудбалерите на Граѓаните добија слободен ден и нема да тренираат на ден пред натпреварот, што не се случило никогаш во мандатот на Каталонецот.
Пеп Гвардиола никогаш не им дал слободен ден на своите фудбалери во пресрет на европски меч, но сега направи отстапка по победата над Борнмут во неделата и им даде малку одмор на фудбалерите, кои се жалат на замор од збиениот распоред.
Сепак, пропуштениот тренинг ќе го надополнат во среда наутро, кога ќе имаат тактичка подготовка за дуелот против Борусија Дортмунд.
Манчестер сити има две победи и едно реми по три меча во Лигата на шампионите, а ист ефект има и нивниот противник.

