Необична тактика го збуни Интер, ваков жив ѕид не виделе досега

Живиот ѕид кој го постави мексиканскиот тим Монтереј на натпреварот од Светското клупско првенство против Интер Милано стана вистински хит на социјалните мрежи.

Имено, играчите на Монтереј не знаеја дали ќе им шутира фудбалер со лева или со десна нога, па создадоа двоен жив ѕид кога Интер имаше слободен удар на приближно 17 метри од голот. Притоа Мексиканците оставија отворен простор во средината, а ги покрија левата и десната страна од својот гол.

На крајот, овој експеримент им се исплатеше бидејќи Интер во ситуацијава не успеа да постигне гол.

- Оглас -

Најнови вести