Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, потврди дека се во преговори со Николо Тресолди и Хонест Аханор, но овие фудбалери имаат чудни правни ситуации, па и покрај тоа што двајцата се родени на полуостровот, уште не може да заиграат за Италија.
Тресолди кој игра за Клуб Бриж, останал во Италија до 13-годишна возраст, а потоа неговото семејство се преселило во Германија, каде што тој почнал да игра фудбал, претставувајќи ја младата селекција на Германија. Родителите на 21-годишникот имаат италијански пасоши, и тој би бил достапен веднаш да ја претставува Италија, ако сака.
Поинтересен е случајот со 17-годишниот лев бек на Аталанта, Аханор, кој има нигериски родители, а иако е роден во Италија и неговото семејство веќе ги доставило сите потребни документи, тој не може да добие италијанско државјанство до неговиот 18-ти роденден кој е во февруари 2026 година.
Нигерија би можела да го повика Аханор пред тој датум, со што ќе го спречи да ги претставува Аѕурите.
Сличен проблем имал во минатото и Марио Балотели, кој е роден во Италија и посвоен од италијанско семејство на двегодишна возраст, но не можеше да ја претставува репрезентацијата на Италија пред да стане полнолетен.