Репрезентацијата на Србија во баскет 3х3 како најголем фаворит за олимпиското злато дојде во Париз, но групната фаза ја завршува со четири победи и три порази, со што остана без директно место во полуфиналето и ќе мора да игра четвртфинале. Србија во клучниот натпревар изненадувачки загуби од Литавнија со 20-18, па ѝ и го препушти местото во полуфиналето на Холандија, која ги растури баскеташите од САД со 21-6.
Освен Холандија, директен пласман во полуфиналето обезбеди и Летонија, селекција која победи на сите седум натпревари. Во четвртфиналето ќе играат Франција – Србија и Литванија – Полска, додека САД и Кина се елиминирани.