20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Неочекуван проблем го закочи заминувањето на Коло Муани во Јувентус

Рандал Коло Муани уште не може да биде фудбалер на Јувентус, иако Пари Сен Жермен се сложи да го отстапи на позајмица, а играчот ги помина и лекарските прегледи во Торино.

Кочница за трансферот да биде комплетиран прави едно правило на УЕФА кое вели дека еден клуб не смее да даде повеќе од шест фудбалери на позајмица во текот на една сезона. Од ПСЖ веќе го имаат достигнато тој лимит, па едноставно не може да се реализира заминувањето на Коло Муани во Торино како позајмен фудбалер.

Во следните неколку дена, за да се комплетира заминувањето на францускиот репрезентативец во Јувентус, потребно е ПСЖ или да врати еден играч што е од позајмица, или фудбалер кој моментално е на позајмица да биде продаден.

- Оглас -

Најнови вести