Во пресрет на последниот тренинг пред дербито со Атлетико Мадрид, главните напаѓачи на Барселона, Лионел Меси и Луис Суарес, се најдоа во една необична и смешна ситуација. Додека чекореа по теренот на тренинг-центарот и одеа кон своите соиграчи пред почетокот на тренингот, се вклучија прскалките и малку ги изладија ѕвездите на Барса.
Меси беше збунет, а Суарес ова го проследи со насмевка. Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1277508017714606080