Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, на својата официјална интернет страница, објави дека следен настап ќе му биде Мастерсот во Индијан Велс, турнир кој почнува на 6-ти март, што значи дека Србинот ќе ги пропушти сите турнири во февруари и со тоа ризикува да ја загуби позицијата број 1 на АТП листата.
Ова е пресметан ризик, бидејќи дури и ако падне од челната позиција, Ѓоковиќ брзо би можел да се врати на врвот ако направи макар и просечни резултати во Индијан Велс и Мајами, каде не играше лани и не брани поени.
Новак решил да одмори после разочарувањето во Австралија, и да му даде шанса на Карлос Алкарас да биде прв, но Шпанецот мора во февруари да ги одбрани титулата во Буенос Аирес и финалето во Рио, како и да собере поени на други турнири. Теоретски, и Данил Медведев може да биде прв, но мора да го освои Австралијан опен и да ги одбрани титулите на три турнири во февруари, што не е реално да се случи, бидејќи веројатно нема да игра на сите.