Неочекувана понуда дојде на адреса на Манчестер јунајтед и Рубен Аморим е подготвен да ја одобри

На адреса на Манчестер јунајтед пристигна изненадувачка понуда во висина од 70 милиони евра за фудбалерот што Рубен Аморим го „отпиша“ и го испрати на позајмица во Бетис.

Според шпанските медиуми, Атлетико Мадрид испратил понуда од 70 милиони евра за Ентони. Тие наводно се подготвени однапред да платат 45 милиони евра, а остатокот да го исплаќаат на рати.

Ентони има договор со Манчестер јунајтед до 2027 година, но очигледно е дека неговата иднина не е на „Олд Трафорд“.

Јасно е дека летото ќе донесе големи промени во составот на Рубен Аморим, но најпрво ќе мора да се продадат неколку играчи за да се обезбеди буџет за нови засилувања.

Маркус Рашфорд најверојатно ќе биде продаден откако ќе се врати од позајмицата во Астон Вила, а клубот би можеле да го напуштат и Коби Мејно и Алехандро Гарначо.

Ентони моментално игра како позајмен во Реал Бетис и прикажува одлични партии. Во првите 12 натпревари има постигнато четири гола и запишано четири асистенции под водство на поранешниот тренер на Манчестер сити, Мануел Пелегрини.

Бразилецот дојде во Манчестер јунајтед од Ајакс во 2022 година за околу 100 милиони евра, но не се снајде најдобро, и покрај а беше доведен од поранешниот менаџер Ерик тен Хаг. За време на неговиот престој во Јунајтед постигна само пет гола во Премиер лигата.

Актуелниот менаџер Рубен Аморим не беше задоволен од неговиот придонес и реши да го испрати на позајмица во Бетис во јануари.

- Оглас -

Најнови вести