Стојанче Стоилов е позитивен на вирусот Ковид-19 и ја пропушта средбата против Црна Гора.
Капитенот на нашата селекција на ова Европско првенство на денешното тестирање пред самиот натпревар добил позитивен резултат и со тоа веднаш замина во изолација.
Ова секако се неочекувани проблеми за нашата селекција и предводникот Кире Лазаров кој нема да може да смета на еден од најискусните во тимот и можеби и најголемиот мотиватор на теренот.
Со тоа, Македонија на средбата од 18:00 часот ќе биде само со Никола Пешевски на пикерската позиција.