17.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Неочекувани проблеми за мечевите кои се дел од Спортска прогноза

Ова коло на Спортска прогноза ќе се игра само за Генерален пласман, додека трката за освојување на Среќна 13-ка е оневозможена поради смртта на Кралицата Елизабета Втора и одложувањето на мечевите во Англија.

Британската Кралица почина вчера на 96 години, а според протоколите таа ќе биде погребана за 10 дена. Вкупно 17 се денови на жалост, па освен многу спортски, беа одложени и други културни настани.

Во ова коло на Спортска прогноза има дури три меча од Премиер лигата, а еден меч од резервните дуели исто така е од англиското првенство. Тоа значи дека во игра за наредниов викенд ќе има вкупно 11 меча за прогнозирање и максималниот број на погодени дуели е 11, додека одложените мечеви едноставно не може да се пресметаат во ова коло.

Сепак, тоа не е причина да не се ПРОГНОЗИРА затоа што секој освоен бод и погоден фикс влегува во трката за Генерален пласман.

- Оглас -

Најнови вести