Неочекувано: Барселона тргнува по потписот на ѕвездата на Аталанта

Раководството на Барселона планира да тргне по потписот на ѕвездата на Аталанта, Адемола Лукман. За многумина ова е изненадување, но и самиот фудбалер има изјавувано дека неговата желба е да игра за „каталонците“.

Нигерискиот интернационалец важи за модерно крило, нешто што ѝ е потребно на Барселона. Евентуалниот трансфер на Лукман би ги чинело „каталонците“ околу 30 милиони евра, а единствениот проблем може да интересот и од ПСЖ.

Лукман не беше дел од составот на Аталанта, кој одигра 2-2 на гостувањето кај Барселона во Лигата на шампионите. Во тој период имаше повреда и беше надвор од фудбалските терени.

- Оглас -

Најнови вести