27.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Неочекувано: Ињиго Мартинес ја напушти Барселона и се сели во Саудиска Арабија

Само на неколку дена пред почетокот на новата сезона, Барселона неочекувано остана без услугите на централниот дефанзивец Ињиго Мартинес. Тој ја прифатил понудата на Ал-Наср, а Каталонците не му правеле проблем и прифатиле предвремен раскин на договорот, па Мартинес ќе се пресели во Саудиска Арабија како слободен фудбалер.

Барселона и Мартинес имале џентлменски договор, да биде ослободен доколку стигне богата понуда од Саудиска Арабија, а сега тоа и се случи, па Шпанецот следната сезона ќе му биде соиграч со Кристијано Роналдо.

Триесет и четиригодишниот Ињиго Мартинес во Барселона пристигна пред две години како слободен фудбалер од Атлетик Билбао, а во март годинава го продолжи договорот со Каталонците до летото 2026 година.

Ханси Флик сега останува со четворица дефанзивци, и тоа Пау Кубарси, Роналд Араухо, Андреас Кристенсен и Ерик Гарсија, а доколку е потребно, може да помогне и Жул Кунде, чија примарна позиција е десен бек.

- Оглас -

Најнови вести