Екипата на Барселона во моментов се наоѓа на подготовки во Анаполис, САД, и е единствената од Ла Лига која до сега во овој преоден рок нема донесено ново засилување. Додека раководството на „каталонците“ се обидува да донесе засилувања, пристигна официјална информација од клубот дека Ориол Ромеу го напуштил тренинг кампот на Барселона и се вратил во Шпанија.
Тој минатото лето во Барселона пристигна од Жирона на барање на Чави Ернандес, а летово беше најавено дека ќе си замине, но со доаѓањето на Ханси Флик се чинеше дека работите се променија и тој ќе остане да настапува во таборот на „каталонците“. Сепак, работите се променија па тој си заминал од САД за да потпише за Жирона, која оваа сезона ќе игра и во Лигата на шампионите.
The player Oriol Romeu has left the team in Annapolis, pending a decision on his future.
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 2, 2024