Џек Грилиш во најскоро време ќе ја задолжи униформата на актуелниот англиски шампион Манчестер сити, за кого Граѓаните ќе урнат британски рекорд со сумата од 100 милиони фунти (117 милиони евра) која ќе легне на сметката на Астон вила.
Трансферот е во завршна фаза, останува само да се извршат медицинските прегледи и да се потпише соработката, а нема да биде изненадување доколку Грилиш веќе в сабота дебитира во дресот на Сити во Комјунити шилд против Лестер.
https://twitter.com/SkyFootball/status/1133045303844712448
За новиот најскап фудбалер во Англија има интересна приказна од сезоната 2018/19, во која Астон вила се избори за камбек во Премиер лигата. Вила триумфираше во финалето од плејофот против Дерби со 2-1, меч во кој Грилиш играше со распаднати копачки, кои му носеле среќа. Со „среќните копачки“ Грилиш има одиграно 13 меча, од кои 11 ги добил.