Неодамна потпиша за Сити, а сега, во првото враќање дома го пречека подарок вреден 130.000 евра

Младиот фудбалер Абдукодир Хусанов беше пријатно изненаден кога се врати во родниот Узбекистан откако на подарок доби нов автомобил. Хусанов има само 21 година, а пред два месеца направи трансфер во Манчестер сити. Тој игра како централен дефанзивец, а Сити за неговиот трансфер плати 40 милиони евра, плус 10 милиони евра во вид на бонуси на францускиот Ленс.

Хусанов веќе има одиграно 18 натпревари во националниот дрес на Узбекистан, а ова беше негово прво враќање во родната земја по потпишувањето на договорот со Сити. По пристигнувањето во Ташкент, фудбалерот беше изненаден дека на подарок го чека нов Мерцедес Г-гласа.

Овој луксузен автомобил има основна цена од 130.000 евра, а подарокот е од Улугбек Асонбоев, поранешен агент и клучниот човек кој посредуваше за реалзација на трансферот во Манчестер сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести