Непланираната ѕвезда од финалето во ЛШ доби парична казна

Кисли Волански, девојката која на кратко го прекина финалето од Лигата на шампиони меѓу Ливерпул и Тотенхем, доби парична казна од 15.000 евра. Убавата Волански е казнета поради кршење на протоколот и недозволено влегување на финалниот меч, како и недозволено рекламирање на You Tube каналот на својот дечко Витали.

Со влегувањето на теренот, Кисли за рекордно кратко време стана ѕвезда на социјалните мрежи. За помалку од 24 часа доби повеќе од три милиони нови следбеници на Инстаграм, но потоа челниците на оваа мрежа и го блокираа профилот.

Ако не сте го виделе испадот на Кисли за време на финалето од ЛШ, погледнете го ТУКА. 

 

- Оглас -

Најнови вести