Непобедливи – Манчестер сити ги скроти и Топчиите со 18-та победа по ред (Видео)

Рахим Стерлинг погоди во 76-тата секунда за Манчестер сити против Арсенал и ја продолжи импресивната серија на лидерот во Премиер лигата од 18 победи по ред, што е рекорд во Англија.

Популарните Граѓани ја продолжија и мизерната серија на Арсенал од 8 порази по ред во дуелите со Манчестер сити, што е израмнување на црниот рекорд на Лидс.

Гостите имаа контрола на теренот на Арсенал и иако победата е минимална, домаќините во ниту еден момент не успеаја да ја загрозат.

Стерлинг е само третиот играч во историјата што му дал гол на Арсенал на три меча по ред во Лондон, по Николас Анелка и Јан Харт. Репрезентативецот на Англија погоди со удар со глава во втората минута по асистенција на Ријад Марез, а голот можете да го погледнете ОВДЕ.

Манчестер сити се зацврсти на врвот на табелата во Премиер лигата со 59 бода по 25 кола, а предноста е 10 бода пред Лестер, 13 пред Манчестер јунајтед и 14 од Вест хем.

Арсенал остана на десеттото место со 34 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести