Интер одново е на врвот во Италија бидејќи со минималниот триумф од 1-0 во дербито против Лацио, гигантот од Милано ја продолжи побеничката серија на пет последователни средби. Овој тим на Антонио Конте дефинитивно ќе му биде најголем конкурент на Јувентус во трката за шампионската титула откако го доби и второто овосезонско дерби по победата над Милан изминатиот викенд.
Погодокот на Д‘Амброзио во 23-тата минута беше доволен за Интер да оствари пет од пет на стартот од сезоната.
https://www.dailymotion.com/video/x7lpu5f
Наполи претрпе изненадувачки пораз на домашен терен со 0-1 од Калјари. Македонскиот бисер Елиф Елмас остана на клупата, па Наполитанците не можеа да најдат начин како да ја пробијат одбраната на гостите и им подарија три бода. Кастро во 88-та минута го постигна одлучувачкиот гол, а Наполи до крајот не можеше да израмни откако остана со играч помалку по црвениот картон на Кулибали.
Како и Елмас, и Горан Пандев не доби шанса за настап во ремито без голови меѓу Геноџа и Болоња. Фиорентина ја совлада Сампдорија со 2-1, Парма со 1-0 беше подобра од Сасуоло, додека Лече со 3-1 славеше на гости кај СПАЛ.