Неполни три години по авионската несреќа, нови тажни вести од Шапекоенсе

Речиси три години поминаа од трагедијата која се случи на бразилскиот клуб Шапокоенсе. Авионот со кој патуваа играчите се сруши во Колумбија, во близина на градот Меделин. Од 77 луѓе кои беа во авионот, само шестмина ја преживеаа несреќата. Тројца од нив беа фудбалери, еден новинар, стујардеса и уште еден член од екипажот.

Од тројцата преживеани фудбалери, само Алан Рушел продолжи да игра фудбал. Тој и понатаму е член на Шапекоенсе, но е на позајмица во Гоис. Дефанзивецот Нето најавуваше дека ќе се врати на фудбалот, но поради сериозноста на повредите на главата, никогаш повторно не се појави на теренот.

Од сите преживеани, најлошо помина голманот Џексон Фолман, кој сега има 27 години. При падот на авионот, Фолман остана без една нога. Негова голема желба е да игра на Параолимписки игри.

Иако дури 19 играчи загинаа, клубот продолжи да функционира, но, за жал, не им оди добро на фудбалскиот терен. По 24 одиграни меча во бразилското првенство, Шапекоенсе е „закован“ на последното место само со 15 бодови. За бегање во зоната за опстанок им недостасуваат 10 бодови, а до крајот на првенството има уште 14 меча. Со оглед на лошата форма, речиси невозможно е клубот кој пред три години ја доживеа една од најстрашните спортски несреќи сега да се спаси од испаѓање.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести