Непоразениот Пелистер е аутсајдер на последниот меч во 2021 година

Двете најдобри македонски кошаркарски екипи во моментов, МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер, вечерва од 18 часот во „Јане Сандански“ во Скопје ќе си ги одмерат силите во големото дерби на првата македонска лига.

Битолчани се непоразени, имаат 11 победи на 11 меча, а едната победа им беше на стартот на сезоната против МЗТ во Битола од 82-79. Штрковите се реваншираа на неутрален терен во Осиек, во АБА 2 лигата, тогаш МЗТ победи со 80-64. Ова е трета пресметка на овие тимови сезонава кои можеби на пролет ќе имаат финални дуели и за трофеите во макбаскетот.

Влезот во салата е бесплатен, секако, со запазување на задолжителниот протокол за заштита од корона-вирусот (сертификат за имунизација со две дози или прележаност на ковид-19 во последните 45 дена), а за тие што нема да можат да дојдат во сала, предвиден е и телевизиски пренос на МТВ 3.

Според квотите во Sport Life, фаворит е актуелниот првак МЗТ, а има голем број игри на кои може да се обложите ако претчувствувате како ќе се заврши дербито.

- Оглас -

Најнови вести