22.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Непосредно пред доделувањето на Златната топка, се јави и Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо оваа година не беше во Топ 3 најдобрите фудбалери во изборот на „Франс фудбал“ и остана на пет Златни топки. Португалецот беше лут затоа што главниот уредник на „Франс фудбал“, Паскал Фере, изјави дека Роналдо имал единствена цел, а таа е да заврши со повеќе Златни топки од Лионел Меси.

„Паскал Фере лажеше и го користеше моето име за да направи афирмација за себе. Неприфатливо е човек кој е одговорен за доделување на толку вредна награда, да лаже на ваков начин. Јас секогаш сакам да им честитам на најдобрите кога ќе освојат награда, во духот на ферплеј. Тоа го правам од почеток на мојата кариера. Никогаш не сум бил против некого. Јас секогаш победувам за себе, за тимот во којшто играм. Најголема амбиција во мојата кариера е секогаш да бидам подобар и да им давам пример на сите останати фудбалери. Мојата главна амбиција е да го запишам моето име со златни букви во светската фудбалска историја“, порача Роналдо пред доделувањето на наградата Златна топка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

- Оглас -

Најнови вести