32.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Непотребна провокација од трибините, полицијата веднаш реагираше (Фото)

СпортМанија во Лозана,

Одлична е атмосферата на стадионот во Лозана. Македонски знамиња развеани од наши фанови и домашни навивачи едни до други седат заедно, а многу повеќе ќеиф да бидат радосни имаат симпатизерите на швајцарскиот тим затоа што има предност од 3:0.

Во првиот дел единствена провокација имаше од неколку навивачи кои развиорија албанско знаме на трибините. Малку чудно е зошто решиле со албанско знаме да дојдат на меч на којшто играат екипа од Швајцарија и екипа од Македонија. Во ниту еден од двата тима нема интернационалци од Албанија за да има за кого да навиваат.

Само неколку моменти откако го закачија знамето на трибината, реагираше полицијата. Органите на редот љубезно ги замолија навивачите да го тргнат албанското знаме кое беше закачено на трибината. Веднаш потоа знамето беше тргнато.

- Оглас -

Најнови вести