Непријатно добредојде за Хајденхајм во Бундеслигата, после само 6 минути игра примија гол

Хајденхајм денеска за првпат во својата клупска историја игра натпревар од германската елитна Бундеслига, а дебитантите потклекнаа после само шест минути игра на гостувањето кај Волфсбург.

Данецот Јонас Винд беше стрелец на тој, а и на голот за 2-0 во 27-мата минута. Добра вест за Хајденхајм е што примениот гол во 6-та минута не е рекордно брз за еден дебитант во Бундеслигата, Улм на својот прв бундеслигашки меч во 1999, прими гол после само две минути во дуелот си Фрајбург.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести