Непријатно изненадување за Нејмар и Митровиќ во азиската Лига на шампиони (Видео)

Најпопуларниот саудиски клуб, Ал-Хилал, одигра само нерешено на свој терен во азиската Лига на шампиони.

Тимот предводен од бразилската супер ѕвезда Нејмар и српскиот голгетер Александар Митровиќ одигра 1-1 со Навбахор од Узбекистан и малку си ја искомплицира ситуацијата околу пласманот во следната фаза, иако ова е само прво коло.

Ал-Хилал не беше комплетен, од ѕвездите коишто дојдоа летово фалеа Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Калиду Кулибали и голманот Јасин Боно, но и со Нејмар, Митровиќ, Малком и Рубен Невеш се очекуваше да извадат подобар резултат.

Ал-Хилал беше на прагот на пораз, на 1-1 изедначија во 10-тата минута од судиското продолжение, но на крајот имаа шанса дури и да победат.

Ова е голот на Тома Табатадзе со кој Узбекистанците поведоа против Ал-Хилал:

https://twitter.com/i/status/1703850637862007234

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести