Струга Трим Лум со 2-0 ја победи Македонија Ѓорче Петров, а Башкими и Арсими ремизираа 1-1 во меч на кој Арсими го освои својот прв прволигашки бод во клупската историја.
Клубот од гостиварско Чегране првпат во својата историја е прволигаш, а поведе во Куманово со 1-0 со гол од слободен удар на Бесагиќ. На стартот на второто полувреме Симоновски израмни на 1-1.
Враќање во Прва лига имаа Лавовите од Ѓорче Петров, но беа надиграни од стружани кои беа порасположени и победија со голови на фудбалери од Африка. На овој меч беше испишана историја со тоа што за првпат во македонскиот клупски фудбал беше поништен гол по интервенција од ВАР соба.
Колото продолжува утре со Тиквеш – Работнички, а завршува задутре со дуел на Силекс и Брера Струмица.