-2.2 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

Неприкосновената Норвешка е нов женски ракометен светски шампион

Женската ракометна репрезентација на Норвешка е нов светски шампион, откако во финалето на Мундијалот славеше над Германија со 23-20. За Норвежанките ова е петта шампионска титула, а до неа дојдоа со максимални девет победи на девет натпревари.

Норвешка имаше негатива речиси во целото прво полувреме, но успеа да дојде до 11-11 на паузата, а во вториот дел ја заигра препознатливата игра, која им ја донесе и петтата титула.

Бронзениот медал го освои Франција, откако дури по продолженија славеше над домаќинот на шампионатот, Холандија, со 33-31.

- Оглас -

Најнови вести