Неприкосновени: Љуботен и четврти пат по ред е женски фудбалски шампион на Македонија

Фудбалерките на Љуботен и четврта година по ред се шампионки на Македонија откако попладнево победија на гостувањето кај Каменица Саса со 0-2 и теоретски ја освоија титулата на едно коло пред крајот на првенството.

Екипата од Тетово славеше со головите на Флорова и Симјанова, па така ја задржаа предноста од пет поени пред најголемиот конкурент за титулата, Тиверија, која ова коло забележа Пирова победа над Атлетико со 7-0.

Љуботен трета сезона по ред ја освојува двојната круна во македонскиот женски фудбал, откако во финалето на Купот минатата недела ја совлада Тиверија со 3-0, а мечот помеѓу двете најдобри екипи во недела во Тетово нема да има никакво резултатско значење, а тетовки ќе го добијат трофејот од првенството на Македонија за да прослават пред своите навивачи.

Резултати – 26. коло:

Каменица Саса – Љуботен 0-2
Тиверија Брера – Атлетико 7-0
Истатов – Ас јунајтед 6-0
Скопје – Топ гол 8-0

- Оглас -

Најнови вести