Хари Артер слободно може да биде прогласен за фудбалски актер за 2019 година по неговата сцена во мечот меѓу Кардиф и Фулам. Ирскиот фудбалер кој сезонава го носи дресот на Фулам како позајмен играч од Борнмут, направи голема глупост и за две минути си заработи два жолти картони, оставајќи ги гостите на цедило во последните дваесетина минути во ремито од 1-1.
Артер во 66-тата минута доби жолт картон поради прекршок, а само две минути подоцна се најде во ситуација да брани напад на домаќините. Во обид да му ја земе топката на противникот, Артер се фрли на земја сакајќи да симулира фаул иако контакт не постоеше. Да биде уште поглупав неговиот потехг, Артер го направи тоа во неспоредна близина на еден од помошните судии, кој потоа ја потврди симулацијата, па играчот на Фулам си доби црвен картон.