25.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Нераѕурите се „изнапромашуваа“ во првиот дел во големото дерби во Серија А

Фудбалерите на Интер и на Наполи одиграа без голови по првото полувреме од големото дерби во 16-тото коло во Серија А.

Нераѕурите беа подобар тим во првиот дел, имаа неколку одлични шанси, но мрежата на Алекс Мерет остана недопрена.

Првата голема шанса на натпреварот ја имаше Федерико Димарко уште во четвртата минута, но неговиот шут заврши покрај голот на Мерет.

Дваесетина минути подоцна, Матео Дармијан доби топка во шеснаесетникот на Наполи, но лошо шутираше и топката заврши над голот. Последната голема шанса ја имаше Ромелу Лукаку во 40-тата минута, но и неговиот шут заврши над голот на Мерет.

- Оглас -

Најнови вести