31.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Нераѕурите си поигруваат со ривалите, имаат поубави асистенции од голови (Видео)

Фудбалерите на Интер се вторите финалисти во италијанскиот Супер куп откако вечерва во Ријад, Саудиска Арабија, со 3:0 го совладаа Лацио.

Противник на Нераѕурите во финалето ќе биде Наполи кој вчера со 3:0 славеше над Фиорентина.

Интер победата ја најави уште на самиот старт кога во 17-та минута Маркус Тирам го отвори резултатот и тоа по фантастичната асистенција на Федерико Димарко. Димарко со петица му асистираше на Тирам кој беше сам на втората статива и немаше проблеми да ја смести топката во мрежата.

Дилемите околу победникот беа решени на стартот од второто полувреме кога Интер зголеми на 2:0. Хакан Чалханоглу од пенал во 49-та минута зголеми на 2:0 откако во шеснаесетникот на Лацио беше фаулиран Лаутаро Мартинес.

Конечниот резултат го постави Давиде Фратези во 83-та минута по одлично одигран контранапад.

- Оглас -

Најнови вести