Баскет репрезентацијата на Холандија го освои олимпиското злато, откако во неверојатно финале, ја победи домашната селекција на Франција со 18:17 и тоа дури по продолжение.
Ниту Холандија, ниту Франција не беа во потесниот круг на фаворити, но двете селекции одиграа фантастичен турнир и на крајот заслужено се бореа за златото, кое заврши кај Лалињата.
Французите има за што да жалат затоа што во регуларниот дел имаа предност од 16:14, но потоа следуваа два „кеца“ на Ворт де Јонг за израмнување на 16:16 и буквално во последната секунда Холандија се спаси од пораз, па мечот замина во продолжение.
Французите први постигнаа кош за 17:16, а се играа последните секунди кога топката повторно беше во рацете на Де Јонг, а овој од невозможна позиција успеа да погоди тројка и тоа со звукот на сирената за победа од 18:17 и олимписко злато на Холандија.