Нереална ситуација: Постигнат гол, сите видоа дека топката ја помина гол-линијата, а ВАР-системот потоа го поништи (Видео)

Фиорентина со 3:2 ја победи Брага во реваншот од осминафиналето во Конференциската лига и со вкупни 6:2 оди понатаму. Брага водеше со 2:0, а потоа Фиорентина даде гол за 1:2. На почетокот на вториот дел Артур Кабрал даде гол за 2:2.

Часовникот на раката на судијата кој покажува дали топката ја поминала гол-линијата покажа дека е чист погодок и домашните фудбалери почнаа да се радуваат. Сепак, неколку моменти подоцна, ВАР-технологијата се јави и посочи дека немало гол, иако сите и на телевизиските екрани видоа дека топката ја поминала гол-линијата.

https://twitter.com/i/status/1628873891123720192

Кабрал до крајот на средбата успеа и по вторпат да погоди, и тоа во 83-тата минута за 3:2 и ѝ донесе победа на Фиорентина. По овој гол, Кабрал реши да му се „одмазди“ на ВАР-системот и го исмеа со гестикулација како тој да е судија и да чека потврда дека е погодок.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести