Бразилскиот интернационалец Нејмар во Саудиска Арабија пристигна како една од најголемите светски фудбалски ѕвезди и требаше да биде големо засилување за Ал-Хилал, но поради проблемите со повредите, одигра само седум натпревари, на кои имаше ефект од еден гол и три асистенции.
Неговата плата е 120 милиони евра годишно, па прецизните статистичари пресметаа колку заработил во неколку категории. Тоа би значело дека заработката му е 120 милиони евра за секој гол, односно 40 милиони евра за секоја асистенција, 17,1 милиони евра за секој натпревар на којшто настапил или по 280.000 евра за секоја минута која ја минал на теренот, но и 306.000 евра за секој допир со топката што го имал на теренот. Звучи навистина нереално.