Нереални асистенции: Дончиќ има магични раце, но и очи на грбот (видео)

Далас не му помогна на Лука Дончиќ со победа да ја круниса брилијантната партија против Портланд во која флертуваше со трипл-дабл учинок. Магичниот Лука блескаше со 38 поени и по девет скока и асистенции, меѓутоа Маверикс ја загубија битката со 125:119.

Дончиќ правеше сè што е во негова моќ да избегне разочарување за него и екипата, а воедно одземаше воздишки со прекрасни асистенции зад грб.

Максимално користејќи го својот квалитет, Дончиќ навлече на себе неколку портивнички кошаркари, па во моментот кога се намести да шутира, додаде позади до Хардавеј кој ја заврши акцијата со тројка. Слободен шут за три му намести и на Клебер подоцна, откако Дончиќ се ослободи од притисокот и беше несебичен.

- Оглас -

Најнови вести