7.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Нереални сцени пред „Камп Ноу“, а пораката е само една (Видео)

Барселона вечерва го пречекува Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“ во реванш мечот од полуфиналето во Купот на Шпанија. Каталонскиот гигант е актуелен освојувач на трофејот во ова натпреварување, но ќе биде вистиснко чудо ако успее да се пласира сега во финалето, затоа што Атлетико на ова гостување пристигнува со голема предност.

Мадридскиот тим на првата средба пред своите навивачи победи убедливо со 4:0 и ќе биде вистинско чудо да не успее да ја сочува оваа капитална предност.

Сепак, навивачите на Барселона не се предаваат и веруваат дека чудо е можно. Пред денешниот реванш, фановите на Барселона пред стадионот „Камп Ноу“ направија фантастична атмосфера за дополнително да ги мотивираат фудбалерите на каталонскиот гигант додека пристигнуваа на стадионот.

Напобраните фанови палеа факели, пукаа огномети и во еден глас скандираа: „Да, можеме“, мислејќи на тоа дека веруваат дека можат да ја анулираат негативата од 4:0 од првиот меч.

- Оглас -

Најнови вести