15.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Нереални сцени: Снег „до колена“, се игра меч за титула, а беше постигнат спектакуларен гол со „ножички“ (Видео)

Фудбалот во Канада не е најгледан спорт, но тоа што се случи на финалето меѓу Атлетико и Кавалри, кој одлучуваше за шампионот во земјата на стадионот ТД Плејс во Отава, останува за прераскажување. На трибините имаше речиси 25.000 гледачи, а се играше во речиси невозможни снежни услови.

Овој меч да беше во некоја друга земја, сигурно ќе беше одложен, но во Канада, фудбалерите издржаа покрај сите предизвици и играа на белата подлога понудувајќи меч за памтење.

Нов шампион на Канада е екипата на Атлетико, која победи со 2:1, и тоа со пресвртот, а херој на натпреварот е Давид Родригес, кој ги постигна двата гола.

Мечот не започна баш најдобро за Атлетико бидејќи гостите поведоа со 1-0 во 33-тата минута, кога добија пенал, а Ерд беше сигурен во тоа од пенал.

Сепак, само седум минути подоцна резултатот беше 1:1. И покрај снегот што го покриваше теренот, Атлетико израмни, и тоа на спекталуларен начин! Родригес постигна гол со ножички во мрежата на гостите за израмнување.

Потоа немаше голови до крајот на регуларното време, а кој ќе биде нов шампион на Канада, се дозна дури по продолженија. Клучниот момент од овој незаборавен натпревар се случи во 107-мата минута, а Родригес повторно беше во центарот на вниманието, кога погоди за 2:1, погодок кој се покажа како решавачи за неговиот тим да стигне до шампионската титула.

За Атлетико ова беше прва шампионска титула во Канада.

- Оглас -

Најнови вести