Кристијано Роналдо втор месец поминува во својот нов дом во Саудиска Арабија, а Португалецот има неверојатно обезбедување. Роналдо дојде да игра во екипата на Ал-Наср, каде за две и пол сезони ќе заработи неверојатни 500 милиони евра, а каде и да се појави предизвикува неверојатно внимание.
На последниот меч што го одигра, на гостувањето кај Ал-Вехда, Роналдо постигна дури четири гола за убедлив трумф на неговиот Ал-Наср, а интересен е начинот на кој Португалецот беше пречекан на стадионот во Мека.
Одејќи од стадионот кон соблекувалната, околу Роналдо имаше кордон луѓе кои направија „жив штит“.
Ваквиот начин на обезбедување на Роналдо, многумина ги потсети на обезбедувањето кое го има севернокорејскиот претседател Ким Џонг-ун. На една снимка на која Ким Џонг-ун се гледа како влегува во автомобилот, околу него се наредени телохранителите, кои дури трчаат додека автомобилот вози.