Нереално: Меси за 30 секунди ќе заработи 14 милиони долари!

Лионел Меси веќе две децении е врвот на светскиот фудбал. Кога играше во Барселона ја стекна светската слава и заработи вистинско богатство. Потоа аправи трансфер во Пари Сен Жермен и доби неверојатен договор по кој заработи уште многу пари.

По две години поминати во ПСЖ, Меси реши да си замине од Европа и потпиша за Интер Мајами. Таму направи револуција во фудбалот и вистинско шоу, а Меси-манијата уште трае.

Во САД овој викенд во фокусот е светскиот спортски настан број 1, а тоа е Супер болот во НФЛ. Канзас сити и Сан Франциско ќе играат утревечер во борба за вредниот трофеј, а овој меч е познат и по најскапите реклами кои се емитуваат.

Интересно е дека на една од тие реклами ќе се појави и Лионел Меси, а за учество во реклама која трае само 30 секунди, Меси ќе заработи неверојатни 14 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести