Кристијно Роналдо постојано поставува нови стандарди на кое натпреварување и да се појави. Капитенот на Португалија е прв кој игра на шест ЕП, но овојпат тој прв пат не успеа да даде гол во групна фаза. Доколку до крајот на првенството успее да даде гол, тој ќе биде најстариот стрелец во историјата на контиенталните натпреварувања.
Дека Роналдо и со 39 години е одлично физички подготвен покажа на дуелот против Грузија. При еден напад, Роналдо успеа да спринтува со брзина од 32,7 километри на час, што е негов личен рекорд на ЕП. Брзината на фудбалерите на ЕП се мери од турнирот во 2012 година, а тогаш Роналдо имал спринт од 32 км на час. На ЕП 2016 година најбрзо трчал со брзина од 29,1 км на час, а на ЕП 2020 спринтот му бил со брзина од 29,7 км на час.
According to UEFA, Cristiano Ronaldo recorded his fastest top speed in the Euros at 32.7 km/h in 2024, aged 39 ⚡️
That’s his highest recorded top speed in the tournament since they started tracking this stat in 2012 😱
The man cannot be human 🐐#CM2SG #CM2MY#CM2NOWZ pic.twitter.com/epHsgykdi2
— CM2 Sports & News (@cm2_sports) June 26, 2024