Нереди во Лондон: Унгарските хулигани ја избркаа англиската полиција (Видео)

Англија и Унгарија одиграа 1:1 на „Вембли“, во меч на кој освен двата погодоци, имаше акција и на трибините. Гостинските навивачи уште на почетокот на мечот започнале со провоцирање и навредување на полицијата. Поради навреди на расна основа кон еден црномурен редар, полицијата влезе на трибината каде што беа гостинските фанови сакајќи да го уапси проблематичниот навивач.

Сепак, наместо апсење, се случи наред во кој унгарските хулигани не само што не дозволија да биде уапсен кој било од трибината, туку со фајтерска реакција успеаја дури и да ги избркаат полицајците од нивната трибина.

 

- Оглас -

Најнови вести