1002 Манчестер сити – Норич (16 ч.)
Актуелниот првак со пораз ја започна сезоната, па сигурно сега пред своите навивачи ќе треба да „напрати“ двојно. Во Манчестер гостува тимот на Норич, кој во првото коло дома загуби убедливо со 3:0 од Ливерпул.
Тоа што е препознатливо за мечевите на овие два тима е дека има голеада. На седум од последните 11 меѓусебни средби беа постигнати по најмалку пет погодоци, а дури три пати било и 7+. Сити сигурно ќе сака веднаш да ја поправи гол разликата па се освен лесна победа на Граѓаните ќе биде изненадување.
Предлог тип: 1-1&4+ (2.50)
1807 Баер Леверкузен – Борусија Менхенгладбах (18:30 ч.)
Двете екипи новата сезона ја стартуваа со реми од 1:1. Леверкузен на гости кај Унион берлин, а Борусија го задржа шампионот Баерн. Тоа што е карактеристично за мечевите на овие два тима е дека секогаш играат офанзивно, отворено и без калкулации, па затоа и на последните 15 дуели, никогаш не било нерешено (Баер има осум победи, а Борусија се радувала 7 пати).
Велат дека секоја традиција постои за да се сруши па очекуваме денеска на меч од овие две екипи, за прв пат во последните седум години, да нема победник.
Предлог тип: Х (3.65)
3004 Торино – Аталанта (20:45 ч.)
Во последниве неколку сезони, Аталанта прерасна во тим за респект кој може да се бори дури и за титулата во Серија А. Нападот е гравно оружје на екипата од Бергамо, па не ени чудно дека минатата сезона беа најефикасни со дури 90 постигнати погодоци во 38 кола.
Едноставно кога игра Аталанта головите се загарантирани. Вечерва гостите имаат проблеми со неколку повредени фудбалери, но сепак се фаворити за трите бода. Последните четири меча меѓу овие два тима завршувале со резултатите (3:3, 2:4, 0:7 и 2:3), што е само доказ дека едноставно головите нема да недостасуваат.
Предлог тип: ГГ3+ (1.96)
1305 Атлетик Билбао – Барселона (22 ч.)
Голема е листата на играчи кои нема да играат во двата тима. Агуеро, Кутињо, Дембеле, Фати, Мингуеза, Умтити, Пјаниќ и Тер Штеген ќе ги нема кај гостите, што значи дека ќе биде тешка мисија да се освојат трите бода.
Само во 2021 година овие два тима одиграа дури четири меча, а Барселона победи три пати, додека Атлетик се радуваше еднаш, но тоа беше во Суперкупот кога и го освои трофејот. Во сите тие четири меча, минимум имало по три гола, па и сега може да очекуваме погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.13)