По првиот дел од дерби пресметката од 11. коло во Првата фудбалска лига, Работнички и Шкендија играат 1:1.
„Романтичарите“ поведоа уште во шестата минута кога одличната акција на Велковски, со гол ја круниса Максимов. Шкендија израмни во 23 мнута преку Шаља.
Брегалница Штип има предност од 2:1 по првите 45 минути против Силекс откако направи пресврт. Силекд поведе во петтата минута преку Масевски, но домаќините експресно возвратија, во осмата минута Ѓорѓиев погоди за 1:1, а во 23. минута Ристевски и носи предност на Брегалница.
Минимална предност од 1:0 има и Македонија против Скопје благодарение на голот на Самаке.
На натпреварот меѓу Победа и Академија Пандев нема голови.