Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, вечерва во финишот на средбата Лидс – Сити направи потег кој можеше да предизвика инцидент.
Нервозниот шпански стручњак шутна едно пластично шише кое беше пред клупата на Граѓаните, а шишето летна кон клупата на Лидс и погоди некого. Кога сфати што направил, Гвардиола се фати за глава и веднаш се стрча, па почна да се извинува.
https://twitter.com/i/status/1608217468849295360